Кршењето лепче со паричка на Бадник е нешто што и ракометната машка репрезентација на Македонија сака да го прави како традиција, така беше и оваа година додека тимот се подготвува за настап на Светското првенство. Капитенот Филип Кузмановски ги подели лепчињата, а среќник паричката да се падне кај него беше Милан Лазаревски. Лани паричката беше кај Никола Костески, а сега најсреќен беше пикерот. Соиграчите и од РФМ, на Лазаревски му посакаа ...

Ракометната репрезентација на Македонија ги одработува последните денови од подготовките во Скопје за престојното Светско првенство, а ракометарите и стручниот штаб веќе традиционално заеднички го одбележаа и големиот празник Бадник. При кршењето на лепче паричката заврши кај Милан Лазаревски, ракометарот на РК Вардар. Македонските ракометари по празникот тргнуваат за Вараждин каде прво ги очекува пријателски натпревар против Хрватска со кој ќе ...