Унгарскиот премиер Виктор Орбан кој е во посета на Македонија, на македонскиот колега Христијан Мицкоски му понудил Унгарија, која периодов преседава со Европската Унија (ЕУ), да посредува во спорот на земјата со Бугарија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео+фото) Кој сѐ го пречека унгарскиот премиер Орбан – Останува да видиме дали Софија ќе прифати, рече тој на заедничката прес-конференција со Мицкоски во Охрид, нагласувајќи дека голема неправда ѝ прави ЕУ ...
Унгарија со предлог за надминување на спорот меѓу Македонија и Бугарија. Предлогот на македонскиот премиер, Христијан Мицкоски денеска лично му го образложил унгарскиот премиер, Виктор Орбан, за време на тет-а-тет средбата која ја имаа во рамки на дводневната посета на унгарскиот премиер на земјава. Орбан не откри што содржи неговиот предлог за постигнување, на како што рече, спогодба меѓу двете земји, за што Унгарија се нуди како медијатор. ...
Му понудив на премиерот Христијан Мицкоски ние да ѝ помогнеме на Северна Македонија на патот кон ЕУ и да посредуваме во решавањето на проблемот со Бугарија, останува да видиме дали Софија ќе прифати, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан на заедничката прес-конференција во Охрид по меѓувладината конференција. Орбан нагласи дека голема неправда ѝ прави ЕУ на Македонија и дека е погазена гордоста на народот. На новинарско прашање како Унгарија може ...