Шкотскиот премиерлигаш Данди Јунајтед има желба да доведе во своите редови уште еден македонски фудбалер, а тоа е Мартин Ѓорѓиевски од екипата на Брера Струмица. Преговорите засега се одвиваат во позитивна насока и се очекува наскоро трансферот да биде потврден. Ова значи дека Ѓорѓиевски би бил трет Македонец во тимот, по доаѓањето на Давид Бабунски и Кристијан Тошевски. Данди Јунајтед минатата сезона се пласираше во плеј-офот, а на крајот ...
„Дејли Рекордс“ денеска пишува дека шкотски Данди Јунајтед се обидува да го доведе играчот од средниот ред на Брера Струмица, Мартин Ѓорѓиевски. Менаџерот на шкотскиот тим Џим Гудвин веќе донесе седум нови фудбалери во тимот пред првиот квалификациски натпревар од Конференциската лига против луксембуршкиот УНА Штрасен следниот четврток, но се обидува да донесе уште еден македонски фудбалер. Ѓоргиевски е во преговори за трансфер во Данди Ј. каде ...