Зборувајќи во Сингапур, Гроси истакна дека агенцијата му предложила на Иран разговори за „модалитетите за рестартирање или започнување“ на инспекциите, истакнувајќи дека првичните контакти ќе вклучуваат технички детали, а подоцна би можеле да прераснат во политички консултации на повисоко ниво, пренесува Ројтерс. Иран, според заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади, се согласил да прими технички тим на МААЕ во наредните недели, ...
Нуклеарното надзорно тело на ОН ќе го посети Иран во следните две недели, изјави во понеделник портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, неколку дена откако директорот на агенцијата изјави дека Техеран е подготвен да ги продолжи техничките разговори. Препорачано Багаи додаде дека ќе биде презентиран прирачник за иднината на соработката на Иран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), врз основа на ...