Како што информира директорот на КПУ „Идризово“, Зоран Јовановски, Јанева добила условен отпуст и во наредниот период ќе има обврска редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје, сè додека казната формално не ѝ истече. „Осуденичката Јанева доби условен отпуст и таа треба редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје додека 7-годишната казна целосно не ѝ истече“, изјави Јовановски за СДК. Јанева беше осудена на седум години ...

Поранешнатаа специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, од недела – 21 декември, ќе биде на слобода и последните осум месеци од затворската казна во случајот „Рекет“ наместо во затворот „Идризово“ ќе ги помине на слобода, со условен отпуст. Откако веста дека таа излегува на слобода се прошири во јавноста, Основниот кривичен суд Скопје излезе со објаснување дека одлуката била донесена уште пред една година на барање на Јанева. „На 12.12.2024 ...