Тринаесетгодишно дете го загуби животот, а друго на возраст од 14 години е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила на вчера во утринските часови во селото Лажани, прилепско. Несреќата се случила при судир на два мопеди без регистарски таблици, марка „Бенели“ и „Пежо“, со кои управувале две малолетни лица. По несреќата, повредените биле пренесени во Градската болница во Прилеп, каде била констатирана смртта на 13-годишното дете. ...

Нови две сообраќајни несреќи во кои учествувале малолетници на мопед. Прво, вчера во 13.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Натанаил Кучевишки“ и ул.„Хо Ши Мин“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(24) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се ...