Нов гол на Националната Арена во Скопје, и повторно Струга ТЛ е во предност. Во 64. минута од средбата Шабани, стрелецот на првиот гол, асистира одлично до Компаоре, кој што со глава се „поклони“ и погоди во голот на Талески за ново водство на гостите. Голот доаѓа само неколку минути по израмнувачкиот, одличен гол на Мато. Претходно истиот играч промаши и пенал, кој беше сомнителен, но Стојанов го потврди и по прегледување на ВАР снимката. ...
Дербито на 9. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) меѓу Вардар и Струга заврши попладнево без победник, додека Силекс триумфираше на домашен терен над Тиквеш. Струга два пати водеше на дербито во Скопје со головите на Шабани (19 минута) и Компаоре (64). Почетниот гол за Вардар ги постигнаа Мато по еден час игра, откако четири минути претходно не реализираше пенал, а конечниот резултат го постави Јанкулов во судиското продолжение. Со ...
Одлично дерби се одигра на Националната Арена во Скопје, во кое Вардар и Струга ТЛ одиграа нерешено 2-2, и натаму останаа непоразени во првенството. Стружани имаа два пати водство, можеа и до три бода, но беа суровно казнети за фактот што не стигнаа до 1-3, па Јанкулов во финишот од средбата дојде до бод. Малески претходно имаше супер шанса да зголеми на два разлика, и се чини да ја донесе победата, меѓутоа откако не успеа, Вардарци го казнија ...