Украина сега не може да се приклучи на НАТО, затоа што САД, Унгарија и Словачка нема да се согласат со тоа, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на прес-конференција во Варшава. Поради тоа, според него, едногласното одобрување за прием на Киев во НАТО не би било можно. Руте додаде и дека земјите од НАТО во моментов подготвуваат систем на безбедносни гаранции за Украина, кој не вклучува нејзино членство во Алијансата. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во Брисел изјави дека не е јасно како ќе завршат денешните разговори меѓу европските лидери за финансирање на Украина, но нагласи дека земјата веднаш мора да обезбеди нови средства поради проектиран дефицит од 45 до 50 милијарди евра за следната година. Тој предупреди дека без дополнителни средства Украина ќе биде принудена да го намали производството на беспилотни летала, потенцирајќи дека ...

