Maкедонскиот фудбалски прволигаш Шкупи објави дека постигнал договор со турскиот дефанзивец, Емир Јазичи во следните две години. Станува збор за 22-годишен фудбалер, кој бил дел од младинската школа на Трабзонспор, а до неодамна настапувал за екипата на Кушадасиспор. Јазичи ги помина сите возрасни групи во Трабзонспор, додека за прв пат на 19-годишна возраст беше префрлен во Карагумрук. Во кариерата имаше играно и за неколку други екипи во ...
Второлигашот Башкими го промовираше Филип Алексовски како ново зимско засилување за пролетниот дел од Втората лига, каде Башкими ќе води борба за влез во Првата лига. 24-годишникот во Башкими доаѓа од редовите на прволигашот Беса од Добри Дол, а во својата кариера има настапувано и за екипите на Македонија ЃП и Кораби од Дебар. Алексовски ги има поминато репрезентациите на Македонија до 18 и 21 година. Претходно, Башкими се засили со Аљбан ...