Катастрофални се условите за престој на пациенти и за работа на медицинскиот персонал во Психијатриската болница „Скопје“. Ова е впечаток кој се добива по денеска објавените фотографии од внатрешноста на оваа специфична болничка институција која ја посети новиот министер за здравство Азир Алиу. Тој заедно со в.д. директорот Хиса Авдулаи направи обиколка на болницата и се сретна со здравствениот персонал. -Констатирани се сериозни предизвици во ...

Министерот за здравство – Азир Алиу денеска беше во посета на Психијатриската болница „Скопје“ заедно со в.д. директорот Хиса Авдулаи. Како што информираат од МЗ, беше направена обиколка на болницата и средба со здравствениот персонал. Констатирани се сериозни предизвици во условите за работа и третман на пациентите, кои бараат итна системска реакција. Според фотографиите направени при посетата на министерот на болницата може да се забележат ...