Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена против еден новинар и телевизиска куќа, кои беа пријавени за неовластено прислушкување и тонско снимање, поради објавена телефонска снимка со службеничка на Град Скопје во централниот дневник. Според обвинителството, нема елементи на кривично дело, бидејќи новинарот ја контактирал и снимил пријавителката во својство на раководител на Одделението за ...
Надлежниот јавен обвинител, врз основа на прибраните и анализирани докази, оцени дека високиот јавен интерес во овој предмет е неспорен и дека обврска на пријавениот, како новинар кој ја обработувал предметната тема во конкретниот случај, било да ги повика на одговорност носителите на државни и јавни функции, да истражува и да ја расветли ваквата тема, бидејќи засегнатите граѓани на територијата на Град Скопје имале право да ги добијат таквите ...