„Македонска пошта“ ќе добие 100 нови возила како донација од Владата, што ќе ја подобри достапноста и квалитетот на поштенските услуги низ целата земја. Од вкупниот број, 90 ќе бидат помали комбиња, а 10 големи комби возила, наменети за поголема оперативна ефикасност. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на јавниот состанок на Агенцијата за пошти истакна дека целта е заштита и развој на државниот капитал, како и подигање ...
„Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот. Иако Македонија ја следи европската пракса за регулација на поштенскиот пазар, таквата работа создава главоболка во услови кога државната пошта како општествена компанија реализира услуги кога никој друг тоа не го прави. Затоа Владата ќе донира 100 нови возила за Пошта, а се размислува за законски измени со кои ќе ...

