Скопскиот џез фестивал ужива култна репутација во Европа и светот, обезбедена со грижливо конципирана богата програма, втемелена на ексклузивноста, актуелноста и современиот џез. Годинашната програма на 44. Скопски џез фестивал засигурно ќе ја потврди високата интернационална репутација на фестивалот. Во неа доминираат американски музичари. Така, во една вечер се две многу посакувани имиња на џезот, легендарниот гитарист Марк Рибо и Кахил Ел ...

Еден од најдобрите полски пијанисти, композитор и аранжер, Анджеј Јагоѓински, и неговото трио, како и Националниот џез со Зиги Фајгл и Луис Бониља, ќе го отворат 44. Скопје џез фестивал на 16 октомври во 20 часот. До 19 октомври на фестивалот ќе настапат: Марк Рибо, Кафил ел Забар, Вадада Лио Смит, Џејмс Брендон Луис… Според Оливер Белопета, директор на СЏФ, годинашната програма, која ќе трае до 19 октомври, сигурно ќе ја потврди високата ...