Сега веќе нема дилеми. Бразилецот Антони ќе биде фудбалер на Бетис до 2030 година.Ако во минатата сезона офанзивецот го носеше “зелено – белиот“ дрес на Бетис како позајмен играч, сега и дефинитивно е фудбалер со перманентен договор со клубот од Ла Лига. Тој направи трансфер од Манчестер Јунајтед во Бетис за 25 милиони евра. Откако трансферот стана официјален се случуваше вистинска лудница по улиците на Севиља, имено илјадници фанови на Бетис ...
Антони не ги криеше емоциите на презентацијата во Бетис и уште еднаш нагласи колку тешки моменти минал низ изминативе два месеци, период во кој Бразилецот беше целосно исфрлен од првиот тим на Манчестер Јунајтед и му беше забрането да тренира и комуницира со најголем дел од соиграчите. Некогашната ѕвезда на Ајакс доживеа неверојатно понижување од Рубен Аморим и мораше да чека речиси цело лето за овој момент, но откако го дочека, Антони говореше ...