„Како резултат на обезбедениот доказен материјал, донесена е уште една Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомнение дека три лица опфатени со претходната истрага сториле и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. За истото дело се осомничени и уште пет други лица од кои на првоосомничената се товари и за кривично дело Злосторничко здружување. На три лица опфатени со истражната ...
Од досега спроведената истражна постапка за предметот познат во јавноста како Адитив, во насока на проширување на постапката, под раководство на предметните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), кои постапуваат во предметот, денеска се приведени осуммина од Битола, Кичево и Велес и извршен е претрес на една локација во Велес, информираа од ОЈО ГОКК. Во декември 2024 година, Јавното ...