Барселона ја оправда улогата на фаворит и славеше над Осасуна со 3-0 во заостанатиот меч во шпанската Примера, победа која донесе и една лоша вест за каталонците, а тоа е повредата на Дани Олмо. Барса како и Осасуна беа против овој натпревар да се игра на овој датум, но Ла Лига си го истера своето и натпреварот се одигра во терминот кој на крајот донесе повреди за двете екипи што е огромен проблем со оглед на распоредот. -Олмо е повреден. Има ...

Дани Олмо го постигна вториот гол во победата на Барселона над Осасуна (3-0). Сепак, Олмо и Каталонците немаат големи причини за славје, бидејќи шпанскиот репрезентативец се повреди четири минути по постигнувањето на голот и мораше да биде заменет. Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше видно разочаран поради повредата на Олмо и по натпреварот откри дека Шпанецот ги повредил препоните и дека ќе биде надвор од терените најмалку две недели, а ...