Херојот на Вардар, Михаил Талевски би можел летово да направи трансфер во белградски Партизан откако „црно-белите“ го ставија на листата од приоритетни засилувања во текот на престојниот преоден рок. Стрелецот на двата гола во финалниот меч од Купот на Македонија пристигна во Вардар во текот на зимата од лутиот ривал Пелистер и како „младинец“ остави силен впечаток со своите настапи оваа пролет за „црвено-црните“ Според она што го дознаваме од ...
За шест месеци поминати во дресот на Вардар, Михаил Талевски покажа дека е еден од најголемите таленти во нашата лига. Младиот 21-годишен играч кој сезоната ја започна во Пелистер, а потоа направи трансфер во Вардар, сега е цел на српскиот гигант Партизан. Според најавите, Црно-белите од Белград се загреани за да го доведат Талевски, играчот кој стана херој во финалето на Купот на Македонија, постигнувајќи ги двата гола во победата над Струга ...