Во натпревар за пласман од 13. до 16. место на Европското првенство од дивизјата „Б“ во Скопје, кадетската репрезентација на Македонија загуби во дуелот со Бугарија со 65:70. Нашите кадети беа за нијанса подобар ривал во првите десет минути, имаа и минимално водство од (16:14). Само за момент гостите од Истокот го преземаа водството на нивна страна, на почетокот на втората четвртина, поведоа со (20:18). Брзо се вративме, со серија од шест ...
Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години продолжува со лошите настапи на Европското првенство од дивизијата „Б“ што се игра во Скопје. Новиот пораз дојде од селекцијата на Бугарија со 70:65, пораз кој ќе носи на соочување со Велика Британија за борба за 15. место на турнирот. Повторно одигравме натпревар со осцилации во играта како низ целото ЕП, а кога е така тешко е да се оствари позитивен резултат. Илиев со 18 поени и Чучанов ...