Работнички со пораз од Шкупи на Чаир го стартуваше пролетниот дел од сезоната и битката за титулата во Првата македонска лига. „Романтичарите“ минатиот викенд одиграа слаб меч, и останаа без бодовите. Сега „романтичарите“ ги чека натпревар со Воска Спорт, во обид да дојдат до првата победа во пролетниот дел од сезоната. Стоперот Рашид Содик вели дека поразот од првото пролетно коло е веќе зад екипата, и сега мислите се насочени кон победа над ...

Работнички тргна со пораз од Шкупи на стартот на пролетната полусезона, а тимот сега се соочува со дуел против Воска Спорт. Мечот го најави Рашид Содик, кој истакна дека само трите бода се опција за „романтичарите“ на оваа средба. „Го оставивме поразот од Шкупи зад нас и сега размислуваме единствено за враќање на победничките патеки. Играме на домашен терен, свесни сме за нашиот квалитет, имаме самодоверба и одиме на победа против Воска Спорт. ...