Реал Мадрид славеше убедливо во дуелот со европскиот ривал РБ Салцбург (3:0), потврдувајќи го првото место во групата на Светското клупско првенство. Избраниците на Чаби Алонсо без поголеми проблеми дојдоа до трите бода во Филаделфија, а победата ја најавија Винисиус и Валверде, кои во период од неколку минути во финишот на првиот дел постигнаа по еден гол за солидна предност. Во второто полувреме Салцбург не успеа да го направи натпреварот ...
Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во осминафиналето на Светското клупско првенство, откако синоќа го победија Салцбург со 3-0 во Филаделфија, во натпреварот од последното, трето коло од Групата Х. Предноста на Реал му ја донесе Винисиус Жуниор со гол во 40. минута, а Федерико Валверде го зголеми водството со гол во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме. Конечниот резултат го постави Гонзало Гарсија со гол во 84. ...