Данела Арсовска „во 5 до 12“ реши дека сепак ќе организира новогодишен дочек на градскиот плоштад „Македонија“. На само пет дена до „најлудата ноќ“ Град Скопје конечно одлучи да има пречек на Нова Година каде ќе настапат Сара Мејс, Љубојна, Ареа и Нокаут. Забавата на 31 декември на плоштад „Македонија“ ќе започне во 19:30 часот. Компанијата „Спектаклум” која е организатор на овој настан посочи дека изборот бил направен по распишаниот конкурс. ...
Откако годинава беше неизвесно и дали скопските градски власти воопшто ќе организираат дочек на новата година, денеска конечно, на пет дена до новата година, беше објавено дека прослава на плоштадот „Македонија“ ќе има и каква ќе биде програмата. „Ќе настапат „Sarah Mace & The Girlzz“, магичната „Љубојна“, рок-групата „Ареа“ и бендот „Нокаут“. Забавата започнува во 19:30 часот“, се вели во најавата на новогодишната прослава. Организаторот, ...