Тоа се херои, гледајте како се бореа за својата идеја и сами се убија, им рекол турскиот потпоручникот Нијази-бег и наредил почесен плотун над мртвите тела на комитите и нивниот војвода Методија Патчев, во прилепско Кадино Село, на 7 април 1902 година. Така завршил животот на војводата Патчев, кој е роден на денешен ден, 20 мај 1875 година и имал само една година, кога на другиот крај од Македонија, на истокот, на 20 мај 1876 година било дигнато ...
Охрид, 20. мај 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1875 година во Охрид е роден Методија Патчев, македонски војвода, еден од најпознатите револуционери од пред Илинденското востание на македонскиот народ. Делото на ТМРО му било над се’, а со своите постапки секогаш бил правичен и бескомпромисен. Неговите родители, Јаќим и Марија биле сиромашна рибарска фамилија. Јаќим не сакал неговите деца да го наследат занаетот, па затоа Коста и Сандре ги ...