Вечерва со почеток во 19:00 часот, во книжарницата на Издавачкиот центар ТРИ во ГТЦ, ќе се одржи уште едно издание на серијалот „Средби со книгите“. Овој пат се среќаваме со Виктор Илиевски, постдокторски истражувач по античка филозофија на Универзитетот во Виена. Негов посебен интерес се платоничарската метафизика, космологијата и теологијата, но она што во четврток вечер ќе нè обзеде е среќата во светот на сенките. Се дружиме со Платон и ...

Предавањето од философски и книжевен карактер „Среќата во светот на сенките: Платон и стоиците“ ќе се одржи денес (20 февруари), во книжарницата ТРИ (ГТЦ) од 19 часот, од философот д-р Виктор Илиевски. Со предавањето на Илиевски се продолжува серијалот книжевни настани „Средби меѓу книгите“ што веќе цела зима ги грее срцата на читателите. Вечерашното предавање ќе биде посветено на паралелите помеѓу изучувањата на Платон и стоицизмот, кои тој ги ...