Потребата за егзистенција е главната причина поради која Ванѓелина Пармачка и нејзиното семејство од село Будинарци, беровско одлучуваат да се занимаваат со одгледување на овци. Речиси три децении напорно работат и денеска имаат околу 700 грла овци. Произведуваат и сирење, за што е потребно многу работа и вложен труд, ама проблем е што во моментот нема работници. Иако платата која се нуди надминува илјад евра месечно никој не сака да работи и да ...

Пожарите кои неколку дена беснеа во Малешевијата ги пеплосаа ливадите и пасиштата. Трева за напасување на крупниот и ситниот добиток речиси да нема, што дополнително ја отежнува состојбата на сточарите. - Пожари на секој рид, на секој ќош. Ние нашите овци секое сабајле ги искаруваме по еден два часа чисто да се прошетаат, да се издишат, трева никаде не можат да најдат, тоа е се суво и сме принудени да ги храниме во шталата на јасли. Ова што сме ...