Милан има одличен почеток на сезоната како во Серија А така и Купот на Италија, но допрва следат вистинските предизвици, а првиот голем тест ќе биде во недела каде го пречекуваат Наполи на „Сан Сиро“. Тоа е дуел на некогашниот и актуелниот италијански шампион, дуел кој ќе даде одговор за тоа на кое ниво е Милан и дали може да го нападне Скудетото иако реално е навистина рано да се зборува за тоа без разлика што и да се случи во Милано. Меѓутоа ...
Навивачите на Милан конечно ќе можат да го видат Рафаел Леао на дело сезонава откако Португалецот ги надмина проблемите со повредата на мускулот и му се стави на располагање на треерот Алегри. Леао се повреди во првото полувреме од куп-дуелот со Бари, по што не настапи на ниту еден од досегашните четири калчолигашки средби на „росонерите“. Тој од денеска почна со тренинзи со полна пареа со остатокот од тимот, по што е јасно дека тој ќе биде во ...