42-годишниот О.В. од Кавадарци е осомничен дека извршил серија кражби на подрачјето на Кавадарци и Росоман, крадејќи од викенд куќи, семејни домови, верски објекти и еден продажен објект. Според информациите од полицијата, тој во периодот од септември 2024 до јануари 2025 година најчесто користел сила и подесен алат за да провали и да одземе различни предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 466.000 денари. „О.В. е лишен од ...
ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе кривична пријава против О.В.(42) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои девет кривични дела „тешка кражба“, по член 236 став 1 од Кривичниот законик и две кривични дела „кражба” по член 235 став 1 од Кривичниот законик. Имено, во периодот од септември 2024 година до јануари 2025, О.В., најчесто со употреба на сила и подесен алат, од викенд куќи, семејни домови, ...