Независниот кандидат за градоначалник за општина Струга Менди Ќура, кој беше поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, води со 10.798 гласа наспроти кандидатот Арсим Далипи од НАИ, кој има 10.505 гласа, покажуваат првите резултати од Државната изборна комисија. Ова се резултати од обработени 86,82% од избирачките места во општина Струга. Кандидатот за Куманово од ЗНАМ, Максим Димитриевски води со 11.316 гласа наспроти независниот кандидат Горан Стојковски, кој ...
Во Куманово од обработени 90,2 проценти води актуелниот градоначалник Максим Димитриевски наспроти неговиот противкандидат Горан Стојановски. Димитриевски, кој е кандидат на ЗНАМ, води со минимално водство од 1.538 гласа во однос на независниот кандидат Стојановски. Димитриевски има 15.188 гласа, а Стојановски 13.650 гласа. Во Кичево води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски со 8350 гласа наспроти Фатмир Дехари со 6308 гласа. ...

