Вонредната седница на Претседателството на БИХ, на која требаше да биде разгледан буџетот на БИХ за оваа година, е прекината. Според наодите на новинска агенција на Република Српска, усвојувањето на буџетот го „урнале“ бошњачките и хрватските членови на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ. Советот на министри на последната седница го усвои предлог-буџетот и го проследи на разгледување до Претседателството на БиХ. рп/Фото: ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика во понеделникот во Сараево кризата во Босна и Херцеговина да се смири со одговорно однесување на нејзините политичари, што не ги спречи членовите на Претседателството на БиХ да се расправаат пред него. „НАТО останува цврсто посветена на стабилноста на регионот и безбедноста на БиХ“, рече Руте, кој пристигна во БиХ во екот на политичката криза што настана откако лидерот на босанските Срби Милорад ...