СДСМ е олицетворение на хипокризија. Венко Филипче и неговите другари од СДСМ едно зборуваат претпладне, друго прават попладне. Претпладне се загрижени за пожарите, многу очигледно дека се подметнати, и им солат памет на граѓаните, не излегувајте од дома, ако мора да излезете носете маски и слично. Но, веќе попладнето, поточно приквечер си собраа дружина излегоа во Градски парк, се сликаа, правеа селфиња, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ повторно ги обвини опозициската СДСМ и ДУИ за намерно подметнување на пожарите околу Скопје. „Хипокризијата кај СДС е се поизразена – наутро сеат страв со повици граѓаните да седат дома, а навечер прават журки во Градски парк, во меѓувреме се занимаваат со специјалноста палење депонии, одговорност ќе има“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека честите пожари во депониите не се случајни, туку се организирани од ...