Француските власти обвинија 38-годишна жена за „учество во организирана кражба“ и „заговор за извршување кривично дело“ во истрагата за спектакуларниот грабеж во музејот Лувр во Париз, во кој беа украдени експонати во вредност од 88 милиони евра. Жената била уапсена во средата во парискиот регион заедно со уште четворица осомничени, а по барање на обвинителството е задржана во притвор. Друг маж, кој бил уапсен во истата акција, е ослободен без ...

Двајцата мажи обвинети за грабежот во Лувр претходно учествувале во кражба за која биле осудени во 2015 година во Париз, изјави денес париската обвинителка Лор Беку. Двајцата мажи имаат претходни пресуди за грабежи, објави Франс Инфо. Според обвинителката, првиот обвинет, кој има 37 години, ѝ е познат на полицијата и е осудуван 11 пати, вклучително и за грабежи, додека еден случај вклучувал сообраќаен прекршок. Според неа, вториот обвинет има и ...

Крадците кои провалиле во Лувр на 19 октомври и го украле накитот се обиделе да ги продадат украдените предмети на израелската безбедносна фирма CGI Group преку „темната мрежа“ (dark web), објави германскиот весник Bild, цитирајќи го Звик Навех, извршниот директор на компанијата. „Пет дена по грабежот во Лувр, лице кое се претставило како претставник на крадците нè контактирало преку официјалната веб-страница на „CGI Group“. Тој прашал дали ќе ...