Стабилноста на денарот е загарантирана, благодарение на девизните резерви кои се повисоки за 40% во споредба со претпандемичниот период, уверува Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Според неа девизните резерви се клучни за одржување на стабилноста на курсот на државната валута, а нивниот раст се должи на стабилен платен биланс и постојан откуп на девизи од Народната банка. Во однос на инфлацијата, се очекува натамошно ...

Стабилноста на денарот е загарантирана благодарение на капацитетот и инструментариумот со кој располага Народната банка за одбрана на курсот на домашната валута, со акцент на девизните резерви коишто годинава се околу 40% над нивото од претпандемичниот период. Се очекува натамошно постепено стабилизирање на инфлацијата и следната година. Идната монетарна политика ќе зависи од инфлацијата и од девизниот пазар. Ова го посочи гувернерката на ...