Европската Унија (ЕУ) утрово го одобри 19-от пакет санкции кон Русија, насочени кон „флотата во сенка“ и рускиот банкарски и енергетски сектор, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта при пристигнувањето на денешниот Самит на ЕУ во Брисел. „Европскиот совет денеска ќе донесе политичка одлука за да ги осигураме финансиските потреби на Украина за 2026 и 2027 година, вклучително и за набавка на воена опрема“, рече Кошта придружуван ...
Европските лидери се собраа на Самит во Брисел. Во фокусот е Украина, односно плановите на Западот за користење на замрзнатите средства на Москва за финансирање на воените потреби и економијата на Киев за период од најмалку две години. Самитот доаѓа по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека планот за брза средба со неговиот руски колега, Владимир Путин е одложен, бидејќи, како што рече, не сака да биде „губење време“. ...
Земјите-членки на Европската Унија го одобрија 19-от пакет санкции против Русија, кој, меѓу другото, вклучува забрана за увоз на руски течен гас (LNG) на европскиот пазар од 1 јануари 2027 година, една година порано од првично планираното, објави данското претседателство доцна вечерва, пренесе Хина. Препорачано Договорот е постигнат откако последната земја-членка, Словачка, даде согласност. Сега е започната писмена постапка за донесување ...