Фудбалската федерација на Македонија денеска одржува редовно изборно собрание, на кое претседателот Масар Омерагиќ добива и целосен четиригодишен мандат на највисоката функција во ФФМ. Во присуство на 65 од 66 делегати регистрирани за собранието, Омерагиќ го отворил собранието со обраќање во кое направил кратка анализа на затекнатата ситуација во ФФМ, како и генералниот план кој треба да донесе напредок во рамките на неговиот прв мандат. – ...
Масар Омерагиќ и официјално доби четиригодишен мандат да го води македонскиот фудбал. Сите 65 присутни делегати на редовното изборно собрание на Фудбалската федерација на Македонија со акламација го избраа Омерагиќ за старо-нов претседател, но овојпат со целосен мандат кој ќе трае до 2029 година. Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија претходно ги поздрави делегатите и ја презентираше програмата за работа, а свои обраќања пред ...