Тиквеш одигра сосема поинаков меч од првата средба на гостински терен кај Бешикташ. Кавадарчани на реваншот изгледаа како друг тим и беа рамноправен противник, но тоа не беше доволно за целосна сензација. На крајот македонскиот тим беше поразен со 21-23 во реваншот во рамките на второто квалификациско коло во ЕХФ Европскиот Куп. Цејовиќ со шест гола беше прв стрелец, пет имаше Мијушковиќ. Пред натпреварот ги повикаа своите фанови за да дојдат ...

Ракометарите на Тиквеш го завршија својот настап во Европскиот Куп на ЕХФ, откако беа елиминирани во второто коло од турскиот шампион Бешикташ. По убедливиот пораз на првиот натпревар во Истанбул, кавадарчани не успеаја да приредат изненадување ниту пред својата публика и загубија со 21-23. Кавадарчани покажаа две различни лица, а вреди да се напомене дека и двата тренери ротираа со составите и шанса им даваа на играчите со помала минутажа или ...