Кожув е еден од најактивните тимови летово во мак-баскетот откако прволигашот од Гевгелија успеа да договори ангажман на три нови засилувања. Оваа екипа лани стигна до плејофот, играше и куп-финале, па во Кожув се надеваат на позитивни резултати и во наредната сезона. За таа цел, потпишани се три нови кошаркари, и тоа доскорешниот капитен на Вардар, Хусеин Бајрам, како и двајца странци, Девон Хигс и Арсеније Вучковиќ. Хигс е американски ...

Грузиецот Торнике Шенгелија и официјално е нов кошаркар на шпанската Барселона. Трансферот беше извесен подолго време, но сега доби конечна потврда. Шенгелија треба да претставува повеќе од достојна замена за заминатиот Џабари Паркер и потпиша договор со важност до 2028 година. 34-годишниот кошаркар има големо искуство од настапите во елитните евролигаши, а исто така настапуваше и во Ендеса лигата како играч на Валенсија. Беше дел и од Шарлоа, ...