Кремљ ја осуди едногодишната затворска казна што вчера му беше изречена на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, нарекувајќи го обвинителството дека е политички инструирано. „Прогонот на Додик е целосно политички по природа и е насочен не само против него, туку и против сите патриотски сили“, додаде на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Претходно, американскиот Стејт департмент соопшти дека има сознанија за пресудата ...
Милорад Додик, по пресудата, со која беше прогласен за виновен, изјави дека нема причина за загриженост. „Мора да бидеме весели. Една година сум осуден на нивните с****, на нивниот затвор. Тие велат дека сум виновен, а сега луѓето тука ќе објаснуваат зошто не сум виновен“, рече Додик пред Народното собрание во Бања Лука. „Значи, нема причина за грижа, научив да се справувам со потешки работи, па ќе го надминеме и ова. Важно ми е да сте тука и да ...