Словенечкиот прволигаш Марибор вторпат сезонава е во потрага по нов тренер, а причина за тоа е оставката на неодамна назначениот Радомир Ѓаловиќ. Црногорскиот стручњак дојде во Марибор во обид да ги подобри резултатите на екипата, но решил да замине заедно со целиот стручен штаб по само три натпревари. Причината е бизарен инцидент, кој се случил на еден од последните тренинзи на тимот и по кој Ѓаловиќ одлучил дека не сака да остане да работи во ...
Марибор, 26.септември 2025 (МИА) – По тепачката на тренингот на фудбалскиот клуб Марибор и добиениот удар во глава тренерот на Марибор Радомир Ѓаловиќ донесе одлука да го напушти клубот. Тој во словенечкиот тим беше само 16 дена и на три натпревари оствари три победи, но сепак по инцидентот заминува. На еден од тренинзите дојде до тепачка меѓу Омар Рекик и Бенџамин Тете. По добиениот удар Ѓаловиќ го напуштил тренингот, а по денешниот состанок со ...

