Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, на средбата со раководителите на сектори дискутирал за проектите што е предвидено да се реализираат во наредните четири години. Тој најави дека, во ноември ќе се одржат буџетските форуми каде што граѓаните се добредојдени да дадат што поголем број на идеи и предлози за развој на општината, информираа утрово од кабинетот на Герасимовски. – Буџетските форуми поминаа искрено одлично со голема ...

Општина Центар ќе почне со поставување уреди за мерење бучава. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека постапката за набавка на уредите е завршена и нивното поставување треба да почне веднаш. На состанокот со раководителите на сектори, Герасимовски истакна дека уредите се приоритет и дека треба да се инсталираат што поскоро. – Предлагам тие да почнат што поскоро да се поставуваат. Ако можеме, уште од оваа недела да почнат да се ...

Општина Центар ќе поставува уреди за мерење на бучавата од кафулињата. Како што најави градоначалникот Горан Герасимовски уредите ќе почнат да се поставуваат оваа недела, на местата каде што има најмногу поплаки од граѓаните. „Ќе се поставуваат на 30 локации, да видиме кои ни се оние ударни локации кадешто граѓаните најмногу се жалат за бучава во ноќните часови“, вели Герасимовски. Жителите на Општина Центар со години се жалат на бучавата од ...