Феде Валверде имаше можност да се развива и да учи од најдобрите играчи за врска во светот, а последен од плејадата која оствари историја во Реал Мадрид е Лука Модриќ. По Касемиро и Тони Крос, Модриќ си заминува од Реал по крајот на Светското клупско првенство, па во ситуација кога соиграчите ги бројат последните денови со хрватскиот маестро, дел од нив не пропуштаат да ги нагласат сите фудбалски и човечки квалитети кои ги поседува Лука. ...
Лука Модриќ можеби денеска ќе го игра својот последен натпревар во дресот на Реал Мадрид. Секој следен може да биде негов последен во случај на пораз и испаѓање на тимот од Светското клупско првенство, бидејќи по тоа станува слободен агент. Се очекува дека нема да биде долго под тој статус, туку дека ќе потпише за Милан. Тоа ќе биде првата промена на клубот за Модриќ од 2012 година, кога го замени Тотенхем со Реал. Во меѓувреме, тој стана ...