Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 февруари. Денеска е Св. свештеномаченик Поликарп Смирнски. Свети Поликарп е една од најсветлите личности од поапостолското време. Живеел во првиот и вториот век и бил епископ на градот Смирна. Во 155 или 156 година во Смирна бил фрлен на ѕверовите некојси христијанин Германик, кој храбро ја дочекал својата смрт во арената. Неговата смрт не ја задоволила толпата и таа го побарала и ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 февруари. Денеска е Прво и второ наоѓање на главата на Св. Јован Крстител. Од евангелската историја е познато дека Иродијада во една прилика ја побарала и ја добила отсечената глава на свети Јован Крстител. Неговата глава таа ја фрлила на буниште во дворецот на Ирод. Некоја си Јована, жена на управникот на домот на Ирод, ја зела главата оттаму и ја закопала на Маслиновата Гора. ...

Охрид, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес, во првата сабота од постот, го празнуваат денот наречен Тодорова сабота или Тодорица. Тодорова сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот цар Максимилијан. Овој ден се празнува во спомен на едно чудо што го направил св. Теодор Тирон околу 50 години по смртта. Имено, еднаш, непосредно пред почетокот ...