Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“. Одбрана на Беким Максути. Во конкретниот случај расправаме за една катастрофална трагедија, но оваа трагедија треба да има вистина за нејзиното настанување и правда за оние кои имаат било каков допринос во истата, но и правда за оние кои под мотивот на системски пропусти се најдоа во оваа постапка без конктерни дејствија на ...

Адвокатот Еленко Миланов, бранител на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, истакна дека обвинетиот нема никаква причинско-последична врска со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Миланов нагласи дека обвинението се обидува да ја припише одговорноста за катастрофата на Максути врз основа на неговата функција, но фактите покажуваат спротивно. Според него, објектот е изграден 1999-2001 пред ...