Фудбалскиот клуб Барселона официјално потврди дека шпанскиот напаѓач Ламин Јамал ќе го носи легендарниот број 10, откако го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2031 година на неговиот 18-ти роденден. На церемонијата одржана во официјалната продавница на стадионот „Камп Ноу“, Јамал позираше со својот нов дрес, преземајќи го бројот што претходно го носеа играчи како Лионел Меси, Роналдињо и Диего Марадона. Јамал веќе има импресивен рекорд ...

Ламин Јамал беше промовиран како нов сопственик на дресот со легендарната „десетка“ во Барселона, што предизвика вистински комерцијален бум. Само 24 часа по официјалното соопштение, дека Јамал ќе го носи дресот со бројот 10, клубот продал околу 70.000 дресови со името на Јамал. На тој начин, каталонскиот гигант генерирал приход од неверојатни 10.000.000 евра, според шпанските медиуми. Барселона и „Најк“ се подготвија однапред за високиот ...