Европската Венецијанска комисија за владеење на правото, чиј постојан секретаријат се наоѓа во Стразбур, на 3 март 2008 година со писмен допис со ознака 444/2007 CDL(2008)004 експлицитно ја повикала Владата во Софија да изврши промени на Уставот на Бугарија заради „еднаков третман на лицата што припаѓаат на националните малцинства, според Рамковната конвенција“, што најдиректно значи и на македонското национално малцинство! Во меѓувреме Бугарија ...
Зошто Бугарија треба да го смени Уставот, а не Македонија? И комесарот за човекови права на Советот на Европа во 2010 година (две години по укажувањето на Венецијанската комисија) инсистира на становиштето на Комисијата: На 9 февруари 2010 година Томас Хамарберг (комесарот за човекови права на Советот на Европа од 2006-2012), две години по дијагнозата на Венецијанската комисија за фелерот во бугарскиот устав, потсетува и уште поконкретно и ...