Скопје/Охрид, 24. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Заклучно со 19:00 часот заврши гласањето на првиот круг од седмите претседателски избори во Република Македонија на кои право на глас имаат 1.814.317 избирачи, на вкупно 3.480 избирачки места. Според податоците од интернет страницата на Државната изборна комисија (ДИК), одѕивот на претседателските избори до 18:00 часот изнесуваше 47,61отсто, и е поголем од последните избори за шеф на државата во 2019 ...

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Северна Македонија денеска можеа да гласаат на седмите претседателски избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас имаа 1.814.317 граѓани лица запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат ...