Во дуелот на двете најтрофејни европски репрезентации, Германија ја победи Италија и тоа во Милано со 2:1. Тоа беше прв меч од четвртфиналето во Лига на нации, а сега Панцерите на свој терен треба да го потврдат пласманот во полуфиналето. Тонали ја доведе Италија во водство уште во деветата минута, но Германија направи пресврт во вториот дел и со два погодоци стигна до победа. „Не почнавме добро, иако имавме поголем посед на топката. Прво ...
Јулијан Нагелсман и неговата Германија излегуваат на нов мегдан против Италија во Лигата на нации. „Панцерите“ со пресврт триумфираа на „Сан Сиро“ во првиот четвртфинален натпревар (1-2), но селекторот предупредува дека работата е далеку од завршена. „Не сум математичар или статистичар, знам само што треба да правиме на теренот. Статистики не ме интересираат, мораме да одиграме квалитетно и да покажеме дека сме подобар ривал. Италија е силна ...