Уште едно скандалозно однесување на фудбалски клуб во домашното првенство. На пет минути пред крајот на натпреварот во моментов кога Работнички поведе со 2:1, фудбалерите на Гостивар на иницијатива на раководството на клубот го напуштија теренот. Ништо не навестуваше дека дуелот на двете екипи кои се борат за настап во Конференциската лига на УЕФА нема да го дочек крајот. Гостивар поведе со голот на Ли Ервин во 67. минута. Истиот играч поради ...

На денешниот натпревар од Прва МФЛ меѓу ФК Гостивар и ФК Работнички бевме сведоци на срамен чин – свесно и организирано напуштање на теренот од страна на екипата на ФК Гостивар. ФК Гостивар грубо ја изневерија фудбалската јавност и фер-плејот. Наместо спортски да се борат до последниот свиреж, ФК Гостивар реши да избега од реалноста и вината за својата очајна постапка да ја префрли врз судиите. Вистината е документирана: во официјалниот записник ...