Ќе се видат, дали ќе разговараат и какви пораки ќе разменат? Ова се прашањата во грчката и македонската јавност во пресрет на Самитот на НАТО што ќе се одржи од 9-ти до 11-ти јули во Вашингтон, на кој ќе се одбележи големиот јубилеј - 75 години од формирањето на Алијансата. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска заминува за Вашингтон, а тамошните медиуми наведуваат дека Грција спаѓа во „тврдото јадро“ на членки кои придонесуваат со најмалку ...

Не е планирана средба Мицотакис – Мицкоски, но не е исклучено грчкиот премиер да има билатерални средби на НАТО Самитот, истакна денеска портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, во пресрет на Самитот на НАТО што од утре до четврток се одржува во Вашингтон, по повод 75 години од постоењето на НАТО Алијансата. Фактот што на исто место во исто време ќе бидат премиерите и на Македонија и на Грција го отвори прашањето дали ќе дојде до прва ...