Жестоки судири избувнаа во Ираклион и Хања, каде групи земјоделци и сточари нападнаа полициски сили пред аеродромите во двата града. Во инцидентите беа повредени осум полицајци, а неколку службени возила беа оштетени. Властите ги идентификувале напаѓачите, кои сега се соочуваат со тешки обвиненија, меѓу кои и учество во криминална организација. Демонстрантите ги пробија полициските барикади, принудувајќи ги специјалните единици да се повлечат. ...
Главниот обвинител на Врховниот суд на Грција, Константинос Цавелас, ги повика обвинителите да интервенираат во случаите на кривични дела извршени во врска со протестите на земјоделците и одгледувачите на добиток, објави онлајн изданието на весникот „Катимерини“. Земјоделците што протестираат веќе една недела блокираат патишта, гранични премини, аеродроми и други објекти во транспортната инфраструктура на земјата, што, според главниот обвинител ...

