И дефинитивно македонската колонија во Сараево и тоа како се зголемува. Како што пренесуваат медиумите во БиХ, Илија Несторовски го напушта Славен Белупо и се сели во “бордо“ тимот. Да потсетиме, таму спортски директор е Крсте Велкоски, кој ова лето на “Кошево“ ги донесе Стефан Ристовски и Агон Елези. Како што се пренесува, Нестор кој е поранешен македонски репрезентативец ќе го раскине договорот со клубот од Копривница а потоа ќе потпише за ...
Навивачите на Славен Белупо се изненадени од веста дека 35-годишниот Илија Несторовски би можел да ја продолжи кариерата надвор од Копривница. Според информација објавена на социјалната мрежа „X“ од новинарот Филип Кожиќ, искусниот македонски напаѓач е „на излезна врата“ и веќе е подготвен да му се приклучи на Сараево. Веста веднаш ја пренесоа повеќе регионални медиуми, отворајќи простор за бројни шпекулации. Несторовски минатата сезона ја ...