Македонската кошаркарска федерација објави дека влезот во „СРЦ Кале“ во Скопје за натпреварот на Македонија и Азербејџан од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година ќе биде слободен. Ова е отворена покана до сите искрени љубители на кошарката и фанови на најдобрата машка репрезентација на Македонија да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на момците во овој натпревар. Мечот почнува во 19 часот, a обезбеден е и директен телевизиски ...
Машката кошаркарска репрезентација на Македонија во четврток (19 часот) започнува нов циклус, претквалификации за Евробаскетот во 2029 година. Наш ривал во салата СРЦ „Кале“ во Скопје ќе биде селекцијата на Азербејџан во натпревар кој мора да го добиеме. Потребна е поддршка од трибините, па куќата на кошарката одлучи влезот да биде слободен. За оние кои нема да можат да дојдат и во живо да го проследат натпреварот, МРТ обезбеди директен пренос. ...

